Грешка
  • XML Parsing Error at 1:576. Error 4: not well-formed (invalid token)
Еспањол се интересира за Балотели и Суазо PDF Печати Е-пошта
Петок, 25 Декември 2009 11:07
baloteli-espanjolЕспањол се интересира за напаѓачкото дуо на Интер, Марио Балотели и Давид Суазо.

Еспањол кој не игра најдобро оваа сезона се обидува да го засили составот во јанаурскиот преоден рок особено нападот кој се покажува како најболна точка за тимот од Барселона.

Информациите од Шпанија велат дека Еспањол веќе стапил во контакт со Интер околу можноста да ги ангажира Балотели и Суазо.

Давид Суазо изгледа како реална можност за Еспањол, додека мали се шансите Интер да дозволи трансфер на Балотели.

Суазо најверојатно ќе го напушти Интер во јануари, а конкуренцијата за негов ангажман е голема.

Освен Еспањол интерес за напаѓачот има и од Рома и Болоња.

Извор: 24fudbal.com.mk

 

Напиши коментар