Грешка
  • XML Parsing Error at 1:576. Error 4: not well-formed (invalid token)
Home icon Содржини»Занимливости»Икона во Франција плаче маслени солзи
Икона во Франција плаче маслени солзи PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 08 Март 2010 14:34
Икона во Франција плаче маслени солзиТурскиот продавач Esat Altindagoglu кој што живее во Garges-les-Gonesse, Франција, во последно време секојдневно има гости.

Неговата жена пред четири години како роденденски поклон од либанскиот свештеник ја доби на подарок иконата на Дева Марија која што за прв пат започнала да плаче во февруари, и од тогаш таа плаче редовно секој ден.

Сликата на Дева Марија во домот на Esat Altindagoglu плаче маслени солзи повеќе од три недели. Секој ден турскиот продавач им ја отвора својата врата на повеќе од 50-тина луѓе од цела Европа кои што доаѓаат да ја видат расплаканата Дева Марија.  

Православниот свештеник се согласи да одржи миса во нивниот дом кој што се наоѓа во градот Garges-les-Gonesseu во знак на благодарност на Дева Марија. Следниот чекор за да се признае ова чудо ќе биде посетата на бискупот кој што ќе посведочи за маслените солзи.  

Во текот на столетието има повеќе од стотина случувања во кој што се вклучени расплакани статуи и слики, но единствена која што е призната како чудо е пресвета Богородица од Акита во Јапонија во 1973 година.

Горан Андреев

 

Напиши коментар