Грешка
  • XML Parsing Error at 1:576. Error 4: not well-formed (invalid token)
Home icon Содржини»VelesNET интервју»Ексклузивно интервју со Марко Чаласан
Ексклузивно интервју со Марко Чаласан PDF Печати Е-пошта
Сабота, 23 Јануари 2010 11:15
marko-calasan-naslovnaПроследете го екслузивното интервју за VelesNET со Марко Чаласан, кој воедно стана најмлад Мајкрософт Систем Инжињер на светот.

Од кога почна да се интересираш за компјутерите?

Па ни јас самиот не се сеќавам кога почнав да се интересирам за компјутерите бидејќи бев многу мал!

Покрај компјутерите имаш ли некое друго хоби и како го искористуваш слободното време?

Покрај компјутерите правам активности во природа, како што е возењето велосипед, ролерки, шетањето и така натаму. Исто така вежбам тајландски бокс, читам книги за други теми, и правам многу други работи во моето слободно време. Исто така си играм со другарчињата.

Дали моментално работиш на некаков проект?

Да, моментално работам на HD видео лекции за бесплатна употреба низ целиот свет. Лекциите првенствено се направени за децата и возрасните кои немаат доволно услови за да си обезбедат квалитетна IT едукација. Лекциите се наменети за изучување на најновиот оперативен систем од Microsoft, Windows 7, и лекциите покриваат многу интересни но и корисни теми од тој оперативен систем.

Каде се гледаш во иднина?

Па јас во иднина планирам да правам HD лекции за употреба низ целиот свет, и да истражувам подлабоко во сите аспекти од IT технологиите.

Неодамна се стекна со титулата најмлад Мајкрософт Систем Инжињер на светот. Кои се твоите ставови околу тоа?

Па испитите беа иако малку страшни, лесни бидејќи веќе сум го изучил целиот материал за сите тие испити, и затоа лесно ги поминав сите тие прашања во испитот.
 

Напиши коментар