Грешка
  • XML Parsing Error at 1:576. Error 4: not well-formed (invalid token)
Home icon Содржини»Филм»Сандра Булок ги освои наградите Малина и Оскар
Сандра Булок ги освои наградите Малина и Оскар PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 08 Март 2010 15:03
Сандра Булок прва ги спои наградите Златна Малина и ОскарАктерката Сандра Булок во саботата ја освои Златната Малина, а во недела го освои својот прв Оскар со што се запиша во историјата како актерка која што за еден викенд одеднаш добила две награди.

За два дена Сандра Булок се вивна од “актерските денови” до ѕвездите. Во саботата таа ја освои Златната малина за најлоша актерка во комедијата “Сè за Стив”, а ден покасно таа го освои својот прв Оскар за улогата во филмот “The Blind Side”.

На двете случувања Сандра храбро настапи на подиумот и одржа говор, што ни најмалку не е чудно кога е во прашање Оскар, но затоа ја воодушеви публиката со тоа што таа доби и Златна Малина. После нејзиниот говор таа на публиката и подели нејзини DVD-а, со филмот “Сè за Стив”.

Горан Андреев

 

Напиши коментар