Грешка
  • XML Parsing Error at 1:576. Error 4: not well-formed (invalid token)
Home icon Содржини»Спорт»Ди Мариа фокусиран само на Бенфика
Ди Мариа фокусиран само на Бенфика PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 08 Март 2010 14:09
Ди Мариа фокусиран само на БенфикаАнгел Ди Мариа вели дека тој нема да говори за својата иднина сè додека не заврши шампионатот во Португалија.

Аргентинскиот интернационалец подолго време е мета на гигантите ширум Европа и се шпекулира дека ќе ја напушти Бенфика во блиска иднина.

Медиумите шпекулираат дека екипи од типот на Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Барселона, Реал Мадрид и Интер сакаат да го ангажираат Ди Мариа.

Но 22-годишното крило инсистира дека во моментов тој е фокусиран само на тоа како да и помогне на Бенфика да го освои Португалскиот шампионат.

“Јас сум многу среќен и можеби сега ги уживам најдобрите моменти во мојата кариера.” – рече Ди Мариа откако вчера на својот клуб му помогна со 3-1 да триумфира над Фереира.

“Мојата работа со Бенфика е добра и моето семејство се прилагоди во Лисабон. Јас сонувам за освојување на титули и се надевам дека тоа ќе се случи во следните неколку месеци.”

“Моите мисли се насочени кон Бенфика и нема да зборувам за можно заминување сè до крајот на сезоната.”

Ди Мариа се пресели во Бенфика во 2007 во трансфер вреден околу 7 милиони евра и блесна на светската фудбалска сцена на Олимпијадата во Пекинг кога имаше значајна улога во освојувањето на златниот медал на Аргентина.

Извор: 24fudbal.com.mk

 

Напиши коментар